Начелата на јавната администрација се сеопфатна рамка на стандарди кои ги изразуваат вредностите и начинот на однесување што граѓаните и деловните субјекти ги очекуваат од една модерна јавна администрација. Начелата беа подготвени за да ги водат администрациите опфатени со процесот на проширување и администрациите од соседството на Европската Унија (ЕУ) во нивните реформски напори за надминување на недостатоците во нивната јавна администрација и исполнување на барањата на ЕУ за една од „основите“ во процесот на пристапување.